Четврти Симпозиум Аптекарска Здравствена Заштита – Процес на управување со терапија (МТМ), Хипертензија, дислипидемија и обезност – Смарт Фармацевт модул 4

Ми претставува огромна чест и задоволство, во името на Здружението на приватни аптеки на РС Македонија (ЗПАРСМ) да Ве поканам на  Четвртиот Симпозиум Аптекарска Здравствена Заштита  кој ќе се  одржи на 14 и 15.11.2025 во хотел Хилтон во Скопје.

Тема на овој Симпозиум е  Процес на управување со терапија (МТМ) кај хипертензија, дислипидемија и обезност – Смарт Фармацевт модул 4.

Преку богата програма, симпозиумот ќе понуди предавања од врвни меѓународни и домашни експерти, вклучително и Аријана Мештровиќ (Pharma Expert) и Мајкл Роус (American Pharmacist Association – APhA), кои ќе ги споделат најновите трендови и добри практики во процестот на управување со терапијата (МТМ).                                                                                           Управувањето со терапијата (МТМ), особено кај состојби како што се хипертензијата, дислипидемијата и дебелината – станува клучен сегмент од современата фармацевтска пракса на фармацевтите во аптеките и болничките фармацевти.

Ќе бидат опфатени повеќе аспeкти:

  • Улогата на фармацевтот во јавно здравство – трендови во пракса,
  • Нови трендови и добри практики во едукацијата, специјализацијата и клиничката имплементација на MTM моделите.
  • МТМ модел на Американската фармацевтска асоцијација (APhA)
  • Управување со терапија – клинички аспекти, одлуки во процесот на МТМ во случаи од пракса кај хипертензија, дислипидемија, обезност – 10 сложени случаи од пракса
  • SWOT – анализа и бизнис план МТМ
  • Управување со промени во МТМ
  • Улогата на болничките фармацевти – глобален преглед
  • Интегриран и мултидисциплинарен пристап – соработка со матични лекари, специјалисти и други здравствени работници

Нашата цел е да понудиме практични знаења, алатки и инспирација за фармацевтите како дел од мултидисциплинарните тимови за унапредување на здравјето на пациентите.

Ви се заблагодарувам за поддршката.

Со почит,
М-р.Фарм. Џоана Андоноска
Претседател на ЗПАРСМ

Вид на учесникРегистрација ДО 14.10.2025Регистрација ОД 15.10.2025Регистрација OД 04.11.2025
ФАРМАЦЕВТИ8.680 ден.9.920 ден.11.160 ден.
СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ И СТУДЕНТИ4.960 ден.6.200 ден.7.440 ден.
ПРЕТСТАВНИЦИ НА КОМПАНИИ И ДРУГИ ПРИДРУЖНИЦИ6.200 ден.  7.440 ден.  8.680 ден.  
Сподели на социјални мрежи
Информации за настанот
Котизација за Фармацевти
11.160,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ФКРСМ

Котизација за Специјализанти и Студенти
7.440,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Програма и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови, без печатени материјали
*ЗАДОЛЖИТЕЛНО мора да достави при регистрација на настанот или испрати на емаилот info(at)kme.mk, потврда од факултет дека се запишани на студии во тек во тековната учебна година.

Котизација за Претставници на компании и други придружници
8.680,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Програма и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Без печатени материјали
*ПРЕТСТАВНИЦИ НА КОМПАНИИ може да бидат само од Компании кои УЧЕСТВУВАААТ на настанот со Спонзорски пакет или со ШТАНД

Цените за сместување во хотелите, за време на Настанот се следни:

Напомена: Можно е сместување и во повеќекреветни соби

h. DoubleTree by Hilton----Сместување во еднокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 120 €

h. DoubleTree by Hilton----Сместување во двокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 135 €

ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
-За откажано сместување до 14.10.2025, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 15.10.2025, средствата ќе се рефундираат до 50 %, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 04.11.2025, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА
УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.

ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ
СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ
ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.

За сите информации и детали за семстувањето, обратете се дирекно во хотелот на E-mail: ivana.veligdenova@hiltonskopje.com

НАСКОРО!!!

Информации за настанот