27-ми Симпозиум со меѓународно учество на ЗЛОМ-СМ

Почитувани колеги и почитувани здравствени работници,

Здружението на лекари по општа и семејна медицина – ЗЛОМ-СМ, со особена чест и задоволство ја најавува организацијата на 27-от Симпозиум, кој ќе се одржи од 24 до 26 април 2026 година, во Хотел Хилтон – Скопје, под наслов:

Четири системи – една индивидуа “

Овој симпозиум е замислен како стручна и научна платформа посветена на современиот, интегриран и мултидисциплинарен пристап во здравствената заштита, при што во центарот на вниманието е поставен пациентот како целина, а не само болеста или засегнатиот органски систем. Насловот на симпозиумот ја отсликува суштинската улога на семејниот лекар како координатор на здравствената грижа, кој ги поврзува различните нивоа и специјалности во интерес на една индивидуа.

Стручната програма на симпозиумот опфаќа широк спектар на актуелни и клинички релевантни теми од секојдневната медицинска пракса, меѓу кои:

  • Аритмии, со акцент на рана детекција и соодветен менаџмент во примарната здравствена заштита
  • Примарна и секундарна хипертензија, како водечки кардиоваскуларни ризик-фактори
  • Ретки болести, со осврт на дијагностичките предизвици и улогата на матичниот лекар
  • Хепатити, нивно навремено препознавање, следење и упатувањe
  • Гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ), како чест клинички проблем во секојдневната пракса
  • Невролошки состојби – од епилепсија, преку мигрена, до мозочен удар, со посебен фокус на рана дијагноза и интервенција
  • Хронична опструктивна белодробна болест и астма (ХОББ и астма), нивна дијагностика, третман и долгорочно следење
  • Слободни теми, кои овозможуваат презентација на нови научни сознанија, клинички искуства и примери од практиката

Преку стручни предавања, панел-дискусии и интерактивна размена на искуства, симпозиумот има за цел да придонесе кон унапредување на знаењата и клиничките вештини на здравствените работници, да поттикне мултидисциплинарна соработка и да ја зајакне улогата на општата и семејната медицина во современиот здравствен систем.

Здружението на лекари по општа и семејна медицина – ЗЛОМ-СМ упатува отворена покана до сите заинтересирани колеги за активно учество, со уверување дека 27-от Симпозиум, кој ќе се одржи во Хотел Хилтон – Скопје, од 24 до 26 април 2026 година, ќе претставува значаен придонес во континуираната медицинска едукација и подобрувањето на квалитетот на здравствената заштита.

Со особена почит,

Д-р сци. Драган Ѓорѓиевски
Претседател на Здружение на лекари по општа и семејна медицина – ЗЛОМ-СМ
Потпретседател на Европската Унија на Семејна Медицина (УЕМО)

Сподели на социјални мрежи
Информации за настанот
Котизација за ЧЛЕНОВИ на ЗДРУЖЕНИЕ, СО ПЛАТЕНА ЧЛАНАРИНА ЗА 2026 год.
9.920,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ЛКРСМ

Котизација за Учесници кои НЕ СЕ ЧЛЕНОВИ на ЗДРУЖЕНИЕТО
11.160,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ЛКРСМ

Котизација за специјализанти и студенти
6.200,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Програма и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови, без печатени материјали
*ЗАДОЛЖИТЕЛНО мора да достави при регистрација на настанот или испрати на емаилот info(at)kme.mk, потврда од факултет дека се запишани на студии во тек во тековната учебна година.

Котизација за Претставници на компании и други придружници
7.440,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Програма и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Без печатени материјали
*ПРЕТСТАВНИЦИ НА КОМПАНИИ може да бидат само од Компании кои УЧЕСТВУВАААТ на настанот со Спонзорски пакет или со ШТАНД

Цените за сместување во хотелите, за време на Настанот се следни:

Напомена: Можно е сместување и во повеќекреветни соби

h. DoubleTree by Hilton----Сместување во еднокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 120 €

h. DoubleTree by Hilton----Сместување во двокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 135 €

ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
-За откажано сместување до 03.04.2026, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 04.04.2026, средствата ќе се рефундираат до 50 %, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 14.04.2026, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА
УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.

ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ
СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ
ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.

За сите информации во врска со сместувањето, ве молиме обратете се директно во хотелот на: ivana.veligdenova@hiltonskopje.com

НАСКОРО!

Информации за настанот