
Почитувани колеги и пријатели,
Со особена чест и задоволство Ве поканувам на Петтиот симпозиум аптекарска здравствена заштита, во организација на ЗПАРСМ, кој ќе се одржи на 13 и 14 март 2026 година, во хотел Хилтон во Скопје.
Тема на овој Симозиум е МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ – Смарт Фармацевт модул 5.
Програмата вклучува стручни предавања поткрепени со примери од пракса, симпозиумски сесии, панел-дискусија со интердисциплинарен пристап и интерактивна размена на искуства.
Симпозиумот е структуриран во тематски сесии кои го опфаќаат менталното здравје низ различни животни фази, вклучувајќи:
- ADHD и ментално здравје кај деца и возрасни;
- Анксиозност низ животните фази;
- Депресија кај различни возрасни групи;
- Хигиена на сон;
- Менопауза, андропауза и ментално здравје;
- Невролошки нарушувања и ментално здравје;
- Улогата на фармацевтот во менталното здравје.
Целта на симпозиумот е размена на искуства со колеги и експерти, унапредување на знаењата и компетенциите на фармацевтите во областа на препознавање, терапија и фармацевтска грижа за пациенти со нарушено ментално здравје, преку современ, практичен и интердисциплинарен пристап.
Ви се зблагодарувам за поддршката.
Со почит,
М-р. фарм. Џоана Андоноска
Претседател на ЗПАРСМ
| Вид на учесник | Регистрација ДО 24.02.2025 | Регистрација ОД 25.02.2025 | Регистрација OД 04.03.2026 |
| ФАРМАЦЕВТИ | 8.680 ден. | 9.920 ден. | 11.160 ден. |
| СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ И СТУДЕНТИ | 4.960 ден. | 6.200 ден. | 7.440 ден. |
| ПРЕТСТАВНИЦИ НА КОМПАНИИ И ДРУГИ ПРИДРУЖНИЦИ | 6.200 ден. | 7.440 ден. | 8.680 ден. |

