ВТОР МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ПО ИНТЕРНА МЕДИЦИНА СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО – „Надвор од превенцијата: Парадигмата на животниот стил“

Почитувани колеги, почитувани соработници и драги пријатели,

Во име на Македонското здружение за интерна медицина, со голема радост Ве поканувам на Вториот Македонски конгрес по интерна медицина, кој ќе се одржи во прекрасниот град Охрид од 7 до 10 мај.

Конгресот е организиран од Македонското здружение за интерна медицина, кое во изминатите 15 години изгради силен мултидисциплинарен, современ и колаборативен пристап, интегрирајќи ги клучните дијагностички алатки во сликoвните модалитети, заедно со многу специјалности насочени кон рана превенција, дијагноза и третман на современите заболувања.

Оваа година, прославувајќи го нашиот 15-годишен јубилеј, сме фокусирани на најголемата закана за нашите пациенти: метаболичкиот синдром, кој претставува пандемија.

Ако се запрашаме како интернисти: каде се нашите пациенти во современата медицина додека трчаме по вештачката интелигенција, и каде се вклопува превентивната медицина, тогаш всушност треба да го поставиме постулатното прашање: која е парадигмата на нашиот животен стил и улогата на интерната медицина во него?

Не постои еден одговор, не постои една специјалност!

Со чест ги пречекуваме нашите колеги од странство, кои ќе го збогатат програмот и ќе придонесат за успешен мултидисциплинарен конгрес. Нашата програма го нагласува метаболичкиот синдром и неговата прогресија кон покомплексни кардиоваскуларни и метаболички состојби.

Свесни дека ова не е единствениот предизвик, програмата ја збогативме со напредните вештини на вештачката интелигенција во сликoвната дијагностика, кои ќе ја изострат нашата прецизност. Ќе истражиме дали метаболичката проинфламација води кон зголемен ризик за малигнитет, давајќи одговори на многу онколошки прашања и значењето на епигенетиката.

Не помалку важни се и ретките болести, кои недвосмислено бараат поголема свесност од нас, како и подлабока вклученост на интернистите во нивната рана дијагноза и соодветен третман.

Обединувајќи ги овие аспекти на современата медицина, со нетрпение ја очекуваме Вашата присутност и придонес за успешен конгрес.

Со голема радост Ве очекуваме во прекрасниот град Охрид, на уникатниот брег на Охридското Езеро.

Со најдобри поздрави,

Спец. д-р Александар Манолев,
Претседател на Вториот Македонски конгрес по интерна медицина

Сподели на социјални мрежи
Информации за настанот
Котизација за ЧЛЕНОВИ на ЗДРУЖЕНИЕ, СО ПЛАТЕНА ЧЛАНАРИНА ЗА 2026 год.
9.920,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ЛКРСМ

Котизација за Учесници кои НЕ СЕ ЧЛЕНОВИ на ЗДРУЖЕНИЕТО
11.160,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ЛКРСМ

Котизација за специјализанти и студенти
6.200,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Програма и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови, без печатени материјали
*ЗАДОЛЖИТЕЛНО мора да достави при регистрација на настанот или испрати на емаилот info(at)kme.mk, потврда од факултет дека се запишани на студии во тек во тековната учебна година.

Котизација за Претставници на компании и други придружници
7.440,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Програма и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Без печатени материјали
*ПРЕТСТАВНИЦИ НА КОМПАНИИ може да бидат само од Компании кои УЧЕСТВУВАААТ на настанот со Спонзорски пакет или со ШТАНД

ПЛАЌАЊЕ ЗА СВЕЧЕНА ВЕЧЕРА ЗА УЧЕСНИЦИ КОИ НЕ СЕ СМЕСТЕНИ ВО х. МЕТРОПОЛ/БЕЛВИ
2.500,00 ден

ПЛАЌАЊЕ ЗА ПРИСУСТВО НА ОРГАНИЗИРАНИ СВЕЧЕНИ ВЕЧЕРИ, СЕ ПЛАЌААТ ЗА СЕКОЈА ВЕЧЕРА ПООДЕЛНО ЗА УЧЕСНИЦИ КОИ НЕ СЕ СМЕСТЕНИ ВО х. МЕТРООЛ/БЕЛВИ

Цените за сместување во хотелите, за време на Настанот се следни:

Напомена: Можно е сместување и во повеќекреветни соби

Хотел Metropol или Bellevue All in пакет 2 ноќевања по лице----Сместување во еднокреветна соба ---- Цена по лице 226 €

Хотел Metropol или Bellevue All in пакет 3 ноќевања по лице----Сместување во еднокреветна соба ---- Цена по лице 312 €

Хотел Metropol или Bellevue All in пакет 2 ноќевања по лице----Сместување во двокреветна соба ---- Цена по лице 176 €

Хотел Metropol или Bellevue All in пакет 3 ноќевања по лице----Сместување во двокреветна соба ---- Цена по лице 237 €

Хотел Metropol или Bellevue All in пакет 2 ноќевања по лице----Сместување во трокреветна соба ---- Цена по лице 164 €

Хотел Metropol или Bellevue All in пакет 3 ноќевања по лице----Сместување во трокреветна соба ---- Цена по лице 219 €

ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
-За откажано сместување до 16.04.2026, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 17.04.2026, средствата ќе се рефундираат до 50 %, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 27.04.2026, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА
УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.

ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ
СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ
ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.

За сите информации во врска со сместувањето, ве молиме обратете се директно во хотелот на: Тел. - +389 (0)46 203 001 или Email - sales@metropol-ohrid.com.mk

НАСКОРО!

Информации за настанот