
Ми претставува огромна чест и задоволство, во името на Здружението на приватни аптеки на РС Македонија (ЗПАРСМ) да Ве поканам на Четвртиот Симпозиум Аптекарска Здравствена Заштита кој ќе се одржи на 14 и 15.11.2025 во хотел Хилтон во Скопје.
Тема на овој Симпозиум е Процес на управување со терапија (МТМ) кај хипертензија, дислипидемија и обезност – Смарт Фармацевт модул 4.
Преку богата програма, симпозиумот ќе понуди предавања од врвни меѓународни и домашни експерти, вклучително и Аријана Мештровиќ (Pharma Expert) и Мајкл Роус (American Pharmacist Association – APhA), кои ќе ги споделат најновите трендови и добри практики во процестот на управување со терапијата (МТМ). Управувањето со терапијата (МТМ), особено кај состојби како што се хипертензијата, дислипидемијата и дебелината – станува клучен сегмент од современата фармацевтска пракса на фармацевтите во аптеките и болничките фармацевти.
Ќе бидат опфатени повеќе аспeкти:
- Улогата на фармацевтот во јавно здравство – трендови во пракса,
- Нови трендови и добри практики во едукацијата, специјализацијата и клиничката имплементација на MTM моделите.
- МТМ модел на Американската фармацевтска асоцијација (APhA)
- Управување со терапија – клинички аспекти, одлуки во процесот на МТМ во случаи од пракса кај хипертензија, дислипидемија, обезност – 10 сложени случаи од пракса
- SWOT – анализа и бизнис план МТМ
- Управување со промени во МТМ
- Улогата на болничките фармацевти – глобален преглед
- Интегриран и мултидисциплинарен пристап – соработка со матични лекари, специјалисти и други здравствени работници
Нашата цел е да понудиме практични знаења, алатки и инспирација за фармацевтите како дел од мултидисциплинарните тимови за унапредување на здравјето на пациентите.
Ви се заблагодарувам за поддршката.
Со почит,
М-р.Фарм. Џоана Андоноска
Претседател на ЗПАРСМ
| Вид на учесник | Регистрација ДО 14.10.2025 | Регистрација ОД 15.10.2025 | Регистрација OД 04.11.2025 |
| ФАРМАЦЕВТИ | 8.680 ден. | 9.920 ден. | 11.160 ден. |
| СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ И СТУДЕНТИ | 4.960 ден. | 6.200 ден. | 7.440 ден. |
| ПРЕТСТАВНИЦИ НА КОМПАНИИ И ДРУГИ ПРИДРУЖНИЦИ | 6.200 ден. | 7.440 ден. | 8.680 ден. |

