Петти Симпозиум Аптекарска Здравствена Заштита – МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ – Смарт Фармацевт модул 5

Почитувани колеги и пријатели,

Со особена чест и задоволство Ве поканувам на Петтиот симпозиум аптекарска здравствена заштита, во организација на ЗПАРСМ, кој ќе се одржи на 13 и 14 март 2026 година, во хотел Хилтон во Скопје.

Тема на овој Симозиум е МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ – Смарт Фармацевт модул 5.

Програмата вклучува стручни предавања поткрепени со примери од пракса, симпозиумски сесии, панел-дискусија со интердисциплинарен пристап и интерактивна размена на искуства.

Симпозиумот е структуриран во тематски сесии кои го опфаќаат менталното здравје низ различни животни фази, вклучувајќи:

  • ADHD и ментално здравје кај деца и возрасни;
  • Анксиозност низ животните фази;
  • Депресија кај различни возрасни групи;
  • Хигиена на сон;
  • Менопауза, андропауза и ментално здравје;
  • Невролошки нарушувања и ментално здравје;
  • Улогата на фармацевтот во менталното здравје.

Целта на симпозиумот е размена на искуства со колеги и експерти, унапредување на знаењата и компетенциите на фармацевтите во областа на препознавање, терапија и фармацевтска грижа за пациенти со нарушено ментално здравје, преку современ, практичен и интердисциплинарен пристап.

Ви се зблагодарувам за поддршката.

Со почит,
М-р. фарм. Џоана Андоноска
Претседател на ЗПАРСМ

Вид на учесникРегистрација ДО 24.02.2025Регистрација ОД 25.02.2025Регистрација OД 04.03.2026
ФАРМАЦЕВТИ8.680 ден.9.920 ден.11.160 ден.
СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ И СТУДЕНТИ4.960 ден.6.200 ден.7.440 ден.
ПРЕТСТАВНИЦИ НА КОМПАНИИ И ДРУГИ ПРИДРУЖНИЦИ6.200 ден.  7.440 ден.  8.680 ден.  
Сподели на социјални мрежи
Информации за настанот
Котизација за Фармацевти
8.680,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ФКРСМ

Котизација за Специјализанти и Студенти
4.960,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Програма и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови, без печатени материјали
*ЗАДОЛЖИТЕЛНО мора да достави при регистрација на настанот или испрати на емаилот info(at)kme.mk, потврда од факултет дека се запишани на студии во тек во тековната учебна година.

Котизација за Претставници на компании и други придружници
6.200,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Програма и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Без печатени материјали
*ПРЕТСТАВНИЦИ НА КОМПАНИИ може да бидат само од Компании кои УЧЕСТВУВАААТ на настанот со Спонзорски пакет или со ШТАНД

Цените за сместување во хотелите, за време на Настанот се следни:

Напомена: Можно е сместување и во повеќекреветни соби

h. DoubleTree by Hilton----Сместување во еднокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 120 €

h. DoubleTree by Hilton----Сместување во двокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 135 €

ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
-За откажано сместување до 24.02.2026, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 25.02.2026, средствата ќе се рефундираат до 50 %, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 04.03.2026, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА
УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.

ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ
СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ
ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.

За сите информации и детали за семстувањето, обратете се дирекно во хотелот на E-mail: ivana.veligdenova@hiltonskopje.com

НАСКОРО!!!

Информации за настанот