
Почитувани колеги, почитувани соработници и драги пријатели,
Во име на Македонското здружение за интерна медицина, со голема радост Ве поканувам на Вториот Македонски конгрес по интерна медицина, кој ќе се одржи во прекрасниот град Охрид од 7 до 10 мај.
Конгресот е организиран од Македонското здружение за интерна медицина, кое во изминатите 15 години изгради силен мултидисциплинарен, современ и колаборативен пристап, интегрирајќи ги клучните дијагностички алатки во сликoвните модалитети, заедно со многу специјалности насочени кон рана превенција, дијагноза и третман на современите заболувања.
Оваа година, прославувајќи го нашиот 15-годишен јубилеј, сме фокусирани на најголемата закана за нашите пациенти: метаболичкиот синдром, кој претставува пандемија.
Ако се запрашаме како интернисти: каде се нашите пациенти во современата медицина додека трчаме по вештачката интелигенција, и каде се вклопува превентивната медицина, тогаш всушност треба да го поставиме постулатното прашање: која е парадигмата на нашиот животен стил и улогата на интерната медицина во него?
Не постои еден одговор, не постои една специјалност!
Со чест ги пречекуваме нашите колеги од странство, кои ќе го збогатат програмот и ќе придонесат за успешен мултидисциплинарен конгрес. Нашата програма го нагласува метаболичкиот синдром и неговата прогресија кон покомплексни кардиоваскуларни и метаболички состојби.
Свесни дека ова не е единствениот предизвик, програмата ја збогативме со напредните вештини на вештачката интелигенција во сликoвната дијагностика, кои ќе ја изострат нашата прецизност. Ќе истражиме дали метаболичката проинфламација води кон зголемен ризик за малигнитет, давајќи одговори на многу онколошки прашања и значењето на епигенетиката.
Не помалку важни се и ретките болести, кои недвосмислено бараат поголема свесност од нас, како и подлабока вклученост на интернистите во нивната рана дијагноза и соодветен третман.
Обединувајќи ги овие аспекти на современата медицина, со нетрпение ја очекуваме Вашата присутност и придонес за успешен конгрес.
Со голема радост Ве очекуваме во прекрасниот град Охрид, на уникатниот брег на Охридското Езеро.
Со најдобри поздрави,
Спец. д-р Александар Манолев,
Претседател на Вториот Македонски конгрес по интерна медицина

