Галерија

Четврти меѓународен симпозиум за тромбоза и крвни садови

Четвртиот меѓународен симпозиум за тромбоза и крвни садови, кој се одржуa (15-16 мај 2026 година) во хотелот DoubleThree by Hilton, Скопје, кој се одвиваше во пријатна и инспиративна атмосфера со присуство на врвни експерти од земјата и странство, кардиолози, специјалисти по васкуларна медицина, интерна медицина, хематологија и трансфузиона медицина, дерматологија, семејна медицина, како и супспецијалисти и специјализанти.
Тромбозата и заболувањата на крвните садови се едни од најсериозните предизвици на современата медицина, што значително влијаат врз здравјето и квалитетот на животот на пациентите. Ваквите стручни симпозиуми имаат големо значење бидејќи им овозможуваат на лекарите и на здравствените професионалци да се запознаат со најновите научни сознанија, современи дијагностички методи и терапии, со цел континуирана едукација која е неопходна за подобра грижа за пациентите.

27. Симпозиум на ЗЛОМ-СМ

Во преполна сала, со обраќања на видни гости и присуство на бројни лекари, предавачи и специјалисти од различни области, како и претставници на фармацевтските компании, вчеравечер свечено беше отворен 27. Симпозиум со меѓународно учество на Здружението на лекари по општа и семејна медицина (ЗЛОМ-СМ). Симпозиумот се одржува од 24 до 26 април 2026 година во хотелот „DoubleTree by Hilton“ во Скопје и е тематски насловен „Четири системи – една индивидуа“.
Овој настан не е само континуитет, туку е една успешна традиција, еден успешен доказ за зрелоста, посветеноста и визијата на нашата струка. Во време кога медицината се развива со огромна брзина, кога знаењето се фрагментира на сè потесни специјалности, ние како лекари од примарната здравствена заштита имаме привилегија, но и обврска да ја зачуваме целината на човекот како центар на медицинската грижа

Вирусолошки симпозиум „Средбата на старите и нови вируси на раскрсницата на времето“

17 и 18 април, во хотелот „Хилтон“ во Скопје се одржа првиот мултидисциплинарен симпозиум во Македонија посветен исклучиво на вирусите, насловен „Средбата на старите и нови вируси на раскрсницата на времето“. Очекувањата не само што се остварија, туку беа и надминати. Интересот, одзивот и квалитетот на програмата ја потврдија потребата од вакви собири и ни дадоа дополнителен мотив да продолжиме со уште поамбициозни активности во иднина.
Во еден краток временски период се обединија национални и меѓународни експерти од различни области и генерации, од искусни професионалци до млади истражувачи, што создаде динамична и инспиративна атмосфера на првиот мултидисциплинарен симпозиум во Македонија посветен само на вирусите.

СИМПОЗИУМ СМАРТ ФАРМАЦЕВТ МОДУЛ 5

Фармацевтите имаат суштинска улога во унапредување на здравјето на населението, вклучително и во доменот на менталното здравје. Менталното здравје е исклучително важна и чувствителна тема која е дел од секојдневието на пациентите, но и на здравствените професионалци, и не смее да биде маргинализирана – е главната порака по завршувањето на Петтиот симпозиум „Аптекарска здравствена заштита – Смарт фармацевт модул 5“, кој се одржа на 13 и 14 март 2026 година, во хотелот „Хилтон“ во Скопје, во организација на Здружението на приватни аптеки на РС Македонија (ЗПАРСМ), а посветен на менталното здравје.

Event Search:

Recent Posts

    Latest Posts