
Почитувани колеги, соработници, наши пријатели,
Со големо задоволство го најавуваме Четвртиот меѓународен симпозиум по тромбоза и крвни садови (4th International Symposium on Thrombosis & Vessels), кој ќе се одржи нa 15 и 16 мај 2026 година во хотел DoubleThree by Hilton, Скопје.
На овој симпозиум ќе бидеат опфатени темите: венскиот тромбемболизам, вклучително пулмоналната тромбоемболија, артериската болест (коронарната и периферната), со искуствата од реалниот живот со дијагностички и терапевтски модалитети на истиот. Засебен осврт ќе се даде на артериската и пулмоналната хипертензија.
Симпозиумот е наменет за кардиолози, специјалисти по васкуларна медицина, интернa медицина, хематологија и трансфузиона медицина, дерматологија, семејна медицина, како и субспецијалисти и специјализанти. На истиот се очекува учество стручњаци од Европа и регионот.
Во името на Организациониот комитет имам чест да Ве поканам да учествувате на 4. Меѓународен Симпозиум за тромбоза и крвни садови.
Проф. д-р Маријан Бошевски, FЕSC

