
Почитувани колеги,
Во име на организацискиот комитет на Здружението на лекари Албанци во Република Македонија, ни претставува големо задоволство да Ве поканиме да земете учество на јубилејниот 30-ти СИМПОЗИУМ „ПРОФЕСИОНАЛНИ МЕДИЦИНСКИ СРЕДБИ“.
Симпозиумот ќе се одржи од 23 до 26 октомври 2025 година во хотел Дрим, Струга, со главни теми:
- „Превенција и третман на кардиоваскуларни заболувања“
- „Ментални заболувања и нивниот третман“
- „Соработка меѓу ургентниот центар, хирургот и анестезиологот во третманот на ургентни состојби“
- „Глобална акција за универзално здравство“
- „Имунизацијата – единствен превентивен метод за сузбивање и елиминација на заразните болести“
Симпозиумот е наменет за доктори специјалисти од сите области, специјализанти, млади лекари и студенти на медицина. Овој настан ќе биде поддржан од реномирани експерти од Европа, кои ќе го споделат своето искуство и знаење за актуелните и значајни теми во медицината.
Горди сме што оваа јубилејна, 30-та по ред средба, ќе го обедини најдоброто од домашните и меѓународните професионалци, вклучувајќи истакнати имиња од Западна Европа и Јужен Балкан.
Овој симпозиум е уникатна можност за сите нас да ги зајакнеме нашите знаења, да размениме идеи и искуства, како и да воспоставиме нови професионални врски кои ќе придонесат за натамошна соработка.
Со нетрпение ја очекуваме вашата одлука за учество на овој значаен настан, кој претставува предизвик и инспирација за сите нас.
Со почит,
Проф. д-р Невзат Елези
Претседател на Здружението на
лекари Албанци во Македониј

