
Почитувани колеги,
Во име на организацискиот комитет на Здружението на лекари Албанци, имаме чест и задоволство да Ве поканиме да бидете дел од 31-то издание на Симпозиумот „Професионални медицински средби“.
Симпозиумот ќе се одржи од 30 октомври до 1 ноември 2026 година, во хотел Дрим, Струга, под мотото „Персонализирана медицина“.
Главни теми:
- Кардиоваскуларни заболувања: од превенција до современи терапии
- Болка, петтиот витален знак
- Дебелина и метаболни заболувања
- Мултидисциплинарна соработка во онколошката грижа
- Слободни теми
Овој настан е посветен на лекари специјалисти од сите области, специјализанти, млади лекари и студенти по медицина. Симпозиумот ќе биде поддржан од истакнати експерти од цела Европа, кои ќе го споделат своето искуство и знаење за најактуелните и најважните теми во современата медицина.
Темите на Конгресот се замислени да ги одразуваат најсовремените приоритети и случувања во областа на медицината и здравствената заштита. Посебен фокус ќе биде даден на кардиоваскуларните заболувања, осврнувајќи се на современите стратегии за превенција, дијагноза и иновативни терапии, со цел унапредување на клиничката грижа и подобрување на резултатите кај пациентите.
Во рамките на научната програма, посебно значење ќе се даде на управувањето со болката, денес позната како петтиот витален знак, нагласувајќи ги современите пристапи кон нејзината проценка и третман како суштинска компонента на сеопфатната грижа за пациентите. Конгресот ќе се осврне и на дебелината и метаболните заболувања, кои претставуваат еден од најголемите предизвици на јавното здравје, со фокус на важноста на раната дијагноза, превенцијата и мултидисциплинарниот третман.
Важна димензија на Симпоиумот ќе биде и мултидисциплинарната соработка во онколошката грижа, истакнувајќи ја важноста на меѓупрофесионалната координација и интеграцијата на различната експертиза со цел подобрување на квалитетот на третманот и грижата за онколошките пациенти.
Научната програма ќе биде надополнета и со презентации во рамките на слободни теми, обезбедувајќи академска и професионална платформа за презентација на истражувања, клинички искуства и иновативни идеи од страна на професионалци од областа на медицината и здравствените науки.
Вашето партнерство на овој настан значи повеќе од присуство – тоа значи инвестиција во континуирано медицинско образование и во здравјето на пациентите на кои им служиме како лекари секој ден.
Со нетрпение ја очекуваме вашата одлука да соработувате на овој важен настан, што е предизвик и инспирација за сите нас.
Со почит,
Доц. д-р Беким Исмаили
Претседател на Здружението на
лекари Албанци во Македониј

