
Почитувани учесници и ценети колеги,
Во име на Македонското здружение по кардиологија, со особено задоволство ве покануваме на Симпозиумот со меѓународно учество: „Новини во кардиоваскуларните болести 2026“, кој ќе се одржи во Скопје од 20 до 22 ноември 2026 година. Симпозиумот е наменет за млади лекари, интернисти, специјализанти по кардиологија, кардиолози и специјалисти по васкуларна медицина, кои сакаат да го прошират своето знаење и да го унапредат патот на пациентите низ кардиоваскуларната грижа. На настанот ќе учествуваат истакнати национални и меѓународни предавачи од Европа и регионот.
Кардиологијата се развива со извонредна брзина, поттикната од револуционерни истражувања, нови технологии и сè подлабоко разбирање на грижата насочена кон пациентот. Овој симпозиум има за цел не само да ги истакне овие достигнувања, туку и да поттикне значајни дискусии, соработка и размена на идеи што ќе ја обликуваат иднината на нашата област.
Во ера на брзи научни и технолошки промени, како и зголемена мултиморбидност и комплексност на пациентите, континуираната медицинска едукација никогаш не била поважна за подобрување на исходите кај пациентите.
Целта на симпозиумот е да ги презентира најновите научни сознанија и водичи што ја одбележаа кардиологијата во 2026 година, преку висококвалитетна едукативна програма која опфаќа повеќе области, вклучувајќи срцева слабост, кардиомиопатии, кардиоваскуларни ризик фактори, акутна кардиоваскуларна грижа, срцеви аритмии, кардиоваскуларна хирургија, Европските водичи за 2026 година, како и најзначајните нови клинички студии.
Се надеваме дека овие сесии ќе поттикнат нови перспективи, ќе ги зајакнат професионалните врски и на крај ќе придонесат за подобрување на грижата што им ја обезбедуваме на нашите пациенти.
Изразуваме искрена благодарност до нашите ценети предавачи, партнери и учесници, чија посветеност и ентузијазам го прават овој симпозиум возможен.
Ве пречекуваме со добредојде во Скопје и ви посакуваме инспиративно, продуктивно и незаборавно искуство на „Новини во кардиоваскуларните болести 2026 “.
Со почит,
Виш науч. Сор. д-р Ирена Митевска, FESC
Претседател на Македонското здружение по кардиологија
Проф. д-р Лидија Попоска
Претседател на организационен одбор

