СЕДМИ КОНГРЕС НА МАКЕДОНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АЛЕРГОЛОГИЈА И КЛИНИЧКА ИМУНОЛОГИЈА

Почитувани колеги, драги пријатели,

Со особена чест и задоволство, во име на Македонското здружение за алергологија и клиничка имунологија и во мое лично име, Ве поканувам да земете учество на 7. Конгрес на Македонското здружение за алергологија и клиничка имунологија, кој ќе се одржи од 25 до 27 септември 2026 година, во хотел „DoubleTree by Hilton“ во Скопје.

Овој конгрес е внимателно осмислен како платформа за размена на знаења, искуства и современи научни достигнувања, и е наменет пред сѐ за лекарите од семејна и општа медицина, како и за интернисти, пулмолози, алерголози, педијатри, дерматолози, имунолози, како и за сите други специјалности кои на кој било начин се поврзани со полето на алергологијата и клиничката имунологија.

Темите на Конгресот се внимателно избрани со цел да одговорат на актуелните предизвици во секојдневната клиничка пракса и современата медицина. Посебен акцент ќе биде ставен на вакцините и дилемите поврзани со нив, астмата, хроничната опструктивна белодробна болест, употребата на антибиотици, како и на таргетирана и имунотерапија кај малигните заболувања, со посебен фокус на белодробниот карцином, но и на други видови малигноми. Ќе бидат презентирани и најновите научни податоци за новите, неодамна лансирани вакцини во онкологијата, како и теми поврзани со ретки болести и дерматолошки состојби од интерес за нашата стручна јавност.

Искрено се надевам дека избраните теми ќе предизвикаат интерес, ќе поттикнат активни дискусии и ќе овозможат значајно стручно унапредување на сите учесници. Воедно, верувам дека покрај богатата научна програма, Конгресот ќе ни овозможи и пријатна можност за дружење, вмрежување и размена на искуства во рамките на социјалната програма.

Со нетрпение очекувам да Ве поздравам лично во Скопје и заеднички да придонесеме кон унапредување на алергологијата и клиничката имунологија во нашата земја и регионот.

Со почит,

Проф. д-р Дејан Докиќ
Претседател на Македонското здружение за
алергологија и клиничка имунологија

Сподели на социјални мрежи
Информации за настанот
Котизација за ЧЛЕНОВИ на ЗДРУЖЕНИЕ, СО ПЛАТЕНА ЧЛАНАРИНА ЗА 2026 год.
9.920,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ЛКРСМ

Котизација за Учесници кои НЕ СЕ ЧЛЕНОВИ на ЗДРУЖЕНИЕТО
11.160,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ЛКРСМ

Котизација за специјализанти и студенти
6.200,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Програма и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови, без печатени материјали
*ЗАДОЛЖИТЕЛНО мора да достави при регистрација на настанот или испрати на емаилот info(at)kme.mk, потврда од факултет дека се запишани на студии во тек во тековната учебна година.

Котизација за Претставници на компании и други придружници
7.440,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Програма и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Без печатени материјали
*ПРЕТСТАВНИЦИ НА КОМПАНИИ може да бидат само од Компании кои УЧЕСТВУВАААТ на настанот со Спонзорски пакет или со ШТАНД

Цените за сместување во хотелите, за време на Настанот се следни:

Напомена: Можно е сместување и во повеќекреветни соби

h. DoubleTree by Hilton----Сместување во еднокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 120 €

h. DoubleTree by Hilton----Сместување во двокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 135 €

ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
-За откажано сместување до 03.04.2026, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 04.04.2026, средствата ќе се рефундираат до 50 %, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 14.04.2026, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА
УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.

ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ
СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ
ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.

За сите информации во врска со сместувањето, ве молиме обратете се директно во хотелот на: ivana.veligdenova@hiltonskopje.com

НАСКОРО!

Информации за настанот